Министерката Стефоска за случајот „Парк“: На општините не им е гајле за УНЕСКО, ќе барам одземање на ингеренциите!

Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини, соопшти преку својот Фејсбук профил министерката за култура, Ирена Стефоска.

Реакцијата на Стефоска доаѓа кусо откако беше објавено дека, и покрај покренатата иницијатива од граѓанскиот сектор за заштита на објектот ресторан „Парк“ на брегот на Охридското езеро како архитектонско и културно наследство од уривање за потребите на изградба на четирикатен хотел, како и покрај укажувањата за нерегуларности поврзани со случајот, инвеститорот веќе пристапил кон демонтирање на покривната конструкција, што претходи на уривањето.

– Во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани Завод за заштита и Музеј Охрид како и Управата за заштита на културното наследство, соопшти министерката за култура.

Стефоска во изјава за Слободен печат пред десетина дена упати најостра осуда за непочитувањето на препораките на реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО и на прекршувањето на Законот за управување со светското и природното културно наследство на Охридскиот регион, како и на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион за случајот во кој Општина Охрид дозволила уривање на вреден објект од охридското културно наследство на само 50 метри од езерските води и на негово место изградба на четирикатен хотел.

„Парк“ се урива, надлежните си ја префрлаат одговорноста: Дијалог на глувите го бетонира охридското крајбрежје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот