Министерката Шахпаска за ковид состојбата во детските градинки: Под контрола е

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска при посетата на Штип порача дека состојбата во детските градинки сè уште е под контрола.

– Бројот на позитивни дечиња во градинките, заклучно со денешниот ден, изнесува 35, а на вработените во градинките – 279. Тоа е бројката, што ја добив пред да пристигнам, малку коригирана со утринските бројки. Тоа се возрасни вработени, меѓутоа воспитувачи, негователи, градинари, луѓе коишто работат во кујна, односно персоналот кој овозможува непречено функционирање на детските градинки, вели Шахпаска.

Според последните податоци, 31 центар за лица со попреченост работат и во нив се згрижуваат корисниците, а три центри се затворени поради 16 вработени и четворица штитеници кои се позитивни на коронавирусот.

– Знаеме дека и дневниот Центар во Штип беше затворен еден краток период поради неколку позитивни вработени и штитеници. Меѓутоа по изолацијата и по изминување на периодо, согласно препораките на здравствените власти, центарот е повторно отворен, вели Шахпаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот