Министерката Петровска ќе го тужи пратеникот Ковачки за навредите изнесени пред собраниската говорница

Драган Ковачки тврди дека Славјанка Петровска има непријавена хациенда со базен/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Министерката за одбрана Славјанка Петровска поднесе тужба против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки кој на седница за пратенички прашања во вторникот обвини оти користи седативи и дискутабилно е дали може одговорно да ја извршува функцијата.

Се што Ковачки досга изнесе е невистина, можеби јас имам оправдување за нападите врз мене, но не можам да најдам објаснување и оправдување за нападите на неговите поранешни колеги припадниците на Армијата кои одбрале да ја задржат униформата и да работат за интерсите на државата, истакна Министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Ковачки од собраниската говорница: Петровска е на седативи, конфузна и опседната

Таа на денешната конференција одговорајаќи на новинарско прашање рече дека за процесот со тужбата ќе бара отвореност за јавноста.

Како министерка за одбрана имам морална и секаква обврска да се спротиставам на се што беше кажано од него. Да ги обвините вашите поранешни колеги дека крадат, дека биле уапсени, дека нанесуваат штета на угледот на држават, од денес натаму немам намера да одговорам на ниедно негово прашање, затоа што не заслужува внимание. Во оваа папка се крие товарот на неговото минато, кој што длабоко го боли, јас не сум дел од неговото минато, тоа што тој го правел е негова одлука и за тоа треба да си ги сноси последиците. За жал оваа папка е класифицирана, но еве го поттикнува, нека каже сам, изјави Петровска.

Драган Ковачки е поранешен полковник од АРМ, а од неодамна пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот