Министерката Дескоска во Хаг ќе потпише три меѓународни конвенции

Фото: МИА

Министерката за правда Рената Дескоска во името на Владата на Република Северна Македонија, денеска во Хаг, Кралството Холандија, ќе потпише три меѓународни конвенции и еден протокол.

Од Министерство за правда информираат дека станува збор за три меѓународни конвенции кои се развиени под покровителство на Хашката Конференција – две за заштита на правата на детето, како и уште еден инструмент со кој се унапредува системот на меѓународното трговско право и решавањето на споровите кои произлегуваат од меѓународните трговски трансакции.

Станува збор за следните четири меѓународни инструменти на Хашката Конференција и тоа Kонвенцијата за надлежност, меродавно право, признавање, извршување и соработка во поглед на родителската одговорност и за мерките за заштита на децата, од 19 октомври 1996 година, Kонвенцијата за спогодбите за избор на суд, од 30 јуни 2005 година, Kонвенцијата за меѓународно остварување на правата за издржување на детето и други облици на издржување на семејството, од 23 ноември 2007 година и Протоколот за меродавното право кое ќе се применува на обврските за издршка, од 23 ноември 2007 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот