Министерка го нарече дебил чешкиот премиер Бабиш (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL

Чешката министерка за труд и социјална политика, Јана Малачова, мислејќи дека микрофонот е исклучен за време на интервју за една телевизиja, го нарече дебил премиерот на таа земја, Андреј Бабиш.

-Тој Бабиш направи бордел (од државата). И сега сите ние мора да го чистиме. Тој е дебил, извинете, рече Малачова на крајот од интервјуто за чешката телевизија, пренесува Спутник.

Во последните недели, лидерите на опозициските партии остро ја критикуваа владата и премиерот за грешките направени за време на борбата против коронавирусот, како фактот што до последен момент не се воведе задолжително носење заштитни маски и се одложуваше воведувањето на вонредната состојба.

Вонредна состојба во Чешка беше воведена на 5 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот