Министер од ДПА го аминувал Музејот на ВМРО

Се јавивме на јавна набавка за проектирање на главниот проект и како најевтин понудувач го добивме тендерот. Тогаш министер за култура беше Арифхикмет Џемаили од партијата ДПА. Со општите услови проектот беше изработен, ревизијата беше позитивна согласно законот за градежништво. Ревидент беше Градежен институт на Македонија. Со позитивен извештај документацијата добива одобрение за градење, рече Зоран Петров, сопственик на компанијата „Неимар инженеринг“, која вршела проектирање на Музејот на ВМРО, кој на денешното судско рочиште за случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство се појави во својство на сведок.

Петров, кој инаку е шура на кардиологот Сашо Кедев, во своето сведочење кажа дека тендерот на комплетното проектирање на музејот го добиле во времето на министерот за култура Арифхикмет Џемаили, а не додека министерка била Елизабета Канческа Милиевска. Сведокот исто така укажа дека за градење од А категорија, конкретно за Музејот на ВМРО, надлежно било министерството за транспорт и врски од каде исто така немало примедби што, според него, значи дека биле почитувани сите услови од законот за градба при проектирање на објектот.

Според тогашниот закон за градба, по добивањето на градежната дозвола, обврската на проектантот престанува и проектот го презема изведувачот. Сепак, истиот закон предвидувал надзор од страна на проектант до завршување на проектот по што инвеститорот, односно Министерството за култура, склучило договор за надзор со истата фирма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот