Минимален раст на исплатената нето-плата во август

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2019 година, во однос на август 2018 година, изнесува 103.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (10.9 %), Транспорт и складирање (7.3 %) и Информации и комуникации (5.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (4.7 %), Уметност, забава и рекреација (3.5 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.3 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2019 година изнесува 25.127 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2019 година, во однос на август 2018 година, изнесува 104.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12.7 %), Транспорт и складирање (9.0 %) и Информации и комуникации (7.7 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (4.6 %), Уметност, забава и рекреација (3.6 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.4 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2019 година изнесува 37.322 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот