МИНИМАЛЕЦ И ЗА НЕВРАБОТЕНИТЕ: Нов предлог на Владата на Словенија

фото: Flickr.com

Владата на Словенија предложи измени и дополнувања на Законот за пазарот на труд, со што ќе се зголеми минималната бруто-корист за невработеност од 350 на 530 евра.

Ова ќе ја изедначи нето-висината на надоместокот со минималната плата во таа земја од 402 евра.

Извршната власт во Словенија ги смени и условите за утврдување на времетраењето на бенефициите за невработеност со цел активирање на постарата категорија невработено население.

Според новиот предлог, 19-месечна парична помош ќе им се исплати на осигурениците на возраст над 53 години кои ги исполнуваат барањата за осигурување повеќе од 25 години.

Парична 25-месечна помош ќе се плаќа на осигурениците на возраст од 58 години кои имаат стаж подолг од 28 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот