МИНИ МАРАДОНА: Фудбалски гениј, најсилното дете на светот! (ФОТО+ВИДЕО)

Петгодишниот Иранец Арат Хосеини, чии снимки на кои вешто ги дрибла противниците на фудбалскиот терен предизвикуваат одушевување на социјалните мрежи, моментно тренира со младиот состав на суперлигашкиот клуб Галатасарај, во Истанбул.

Неговиот неверојатен талент и мускулесто тело, единствено меѓу петгодишните деца, му донесоа слава на социјалните мрежи, каде што поради долгата коса често мислат луѓето дека е е девојче.

Малиот Арат, кој го стекна прекарот „Мини Марадона“, ја користи секоја можност да игра, а го тренира неговиот татко.

– Му реков на татко ми да ми најде фудбалски терен, дојдовме во Турција, бидејќи сакав да играм фудбал. Видов дека Турција не се разликува од Иран што се однесува до играњето – рече малиот фудбалски гениј за агенцијата Демирорен (ДХА).

На прашањето кои му се идоли, вели дека ги сака Роналдо, Меси и Сала, но и дека „никој од нив не му е идол“.

Го пофалуваат дека и поради тоа што им помага на фудбалерите врсници.

– Не сакам да им наредувам. Имав другар во Иран и ништо не можеше да направи. Не сакав да му наредувам, само му реков да вежба дома.

Неговиот татко Мухамед Хосеини вели дека од мали нозе го учи своето дете да игра фудбал.

– Секогаш тренира и внимавам на неговата исхрана. Поминаа девет месеци откако почна да игра фудбал. Претходно вежбаше гимнастика и акробатика. Не знам за што ќе се одлучи на крајот. Сè зависи од него – вели таткото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот