Мини клуб сендвичиња со путер од кикирики, џем и банана (РЕЦЕПТ)

Со ваков вкусен појадок, верувајте вашиот ден ќе започне фантастично, пробајте ги овие мини клуб сендвичиња со путер од кикирики, џем и банана. Ќе уживате навистина!

Потребни состојки:

  • путер од кикирики
  • џем од јагоди
  • 1 банана
  • 2 лепчиња

Начин на подготовка:

На едното лепче намачкајте путер од кикирики, а на другото џем од јагоди. Бананата исечете ја на тенки парчиња во должина и наредете ја помеѓу двете парчиња леб.

Сендвичот потпечете го малку од двете страни на тостер или на тава. Потоа исечете го на четири триаголници, а послужете го со парчиња портокал. Овој појадок е одличен во комбинација со шолја кафе или чаша сок од цедено овошје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот