Мини депонија симболично „гореше“ пред Владата

Со симулација на палење на ѓубре пред Влада, активисти организирани од иницијативата „Не биди ѓубре“ им покажаа на функционерите како е да се живее во Визбегово, каде чадот е секојдневие.

„Ѓубрето го оставивме пред Влада, чадот од димните машини да осетат како живееме во градов и земјава каде се гушиме, со затворени прозори живееме и лето и зима, отруени сме. Тие што треба да го регулираат ОТПАДОТ, ЃУБРЕТО, спијат, ич не им се брза.
Немаме ништо од трите РРР – Редуцирај, Реупотреби, Рециклирај, во град со огромен број на индивидуални домови, зелениот отпад, лисја, гранки, завршуваат на Дрисла, наместо да се компостираат.
Се пали онаму каде нема поставено контејнери, каде не се собира редовно. Се пали и таму каде има контејнери. Ѓубре расфрлано насекаде. Мини депонии ко национално обележје.

Важно полиција нè легитимираше, еден куп полицајци со комбе, џанам терористи сме. Ние сме запрепастени од грижата на МВР за спроведување на Законот за јавна чистота, цитирање на членови, казни изрекување, ама САМО околу Влада и САМО за активисти.

Иако им беше кажано дека е повикано возило од Комунална хигиена да го собере ѓубрето, дека преку улица одиме да завршиме со чистењето, не, ако сме се тргнеле од ќесите, ќе нè казнеле, веднаш. И заминавме, казнете нè.

Камионот на комунална се појави после неколку минути и ги собра кесите.

Наопаку поставена држава со погрешна употреба на полицијата. Наместо да бидат на милион места по градов каде се потребни и ги казнат прекршувачите на законот, тие се потепаа нам над глава да ни стојат и казни да ни изрекуваат., објавија од 02 Иницијатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот