Минесота ја тужи полицијата поради смртта на Џорџ Флојд

Минесота, Минеаполис, САД / 01 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Американската сојузна држава Минесота поднесе тужба за кршење на граѓанските права против полицијата во Минеаполис за смртта на Џорџ Флојд, кој го загуби животот при интервенција на припадник на полицијата, објави гувернерот на таа држава, Тим Волц.

Тој рече дека Канцеларијата за човекови права во Минесота ќе ги истражи полициските практики во последните десет години.

– Тишината е соучесништво. Граѓаните на Минесота можат да очекуваат од нашата администрација дека ќе ги искористи сите инструменти што ни стојат на располагање за да го уништиме системскиот расизам во нашата држава – рече Волц на прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот