Минеаполис донесе забрана за задушување на лице за време на приведување

Градскиот совет во Минеаполис донесе одлука за забрана на задушување на лице за време на полициско апсење, по убиството на Џорџ Флојд пред 10 дена, кога полицаец со колено му го притискаше вратот повеќе од осум минути.

Ограничена е и употребата на средства за разбивање демонстрации и побарана е поголема транспарентност во работата на полицијата.

– Ова е моментот кога можеме целосно да го промениме начинот на дејствување на полицијата”, рече градоначалникот Џејкоб Фреј, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека во минатото имало проблеми со воведување на вакви промени, но оти сега тие можат да се спроведат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот