Минатиот месец е најтоплиот ноември регистриран досега

Плоштад „Македонија“ во Скопје
Плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Годинешниот ноември беше најтоплиот регистриран месец досега, соопшти денеска европската служба за климатски промени „Коперникус”.

Како што се наведува, температурите минатиот месец биле над просекот во голем дел на северна Европа, Сибир и Северниот Леден Океан, каде морскиот мраз бил речиси до најниското ниво што досега е забележано во ноември.

САД, Јужна Америка, Јужна Африка, Тибет, источен Антарктик и поголем дел од Австралија, исто така, се забележани температури значително над просекот.

На глобално ниво, ноември бил речиси 0,8 степени Целзиусови потопол од просекот за периодот 1981-2010 година.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот