Минатата недела зголемен бројот на новозаболени, починати и оздравени од ковид-19

Луѓе и лекари пред инфективна амбуланта на клиника - корона пандемија (25)
Луѓе и лекари пред инфективна амбуланта / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 29 март до 4 април тестирани се вкупно 26.142 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од пет отсто споредено со минатата недела. Регистрирани сe 7.933 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 6,9 отсто во однос на минатата недела, соопшти Министерството за здравство.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.534; 44,5 отсто), со неделна инциденца – 572,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 583,3/100.000 е регистрирана во Подрачната единица Кавадарци.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 21 до 35,2 отсто или во просек 29,3 отсто, со зголемување за 1,7 отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=2.392, 30,2 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50 до 59 години (n=1.422; 17,9 отсто), од 30 до 39 години (n=1.414; 17,8 отсто), од 40 до 49 години (n=1.313; 16,6 отсто) и од 20 до 29 години (n=917; 11,6 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=94; 1,2 отсто) и од 10 до 19 години (n=381; 4,8 отсто).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени” се стекнале 4.861 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 19,8% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 260 смртни случаи од 27 градови, 27,5 отсто повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 215 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 13 лица од возрасната група од 40 до 49 години, четири лица од 30 до 39 години и едно лице од 20 до 29 години.

На 17 февруари во државава почна вакцинацијата против Ковид-19. Заклучно со 4 април вкупно се вакцинирани 7.009 здравствени работници со прва доза (4.015 – Pfizer/Biontech и 2.996 – Sputnik V) и 4.413 (3.805-Pfizer/Biontech и 608- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против Ковид-19. Од 31 март почна вакцинација на населението за лицата над 77 години и заклучно со 4 април вакцинирани се 1.968 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 29 март до 4 април, како и кумулативната состојба се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот