Минатата година во Мексико биле убиени повеќе од 36.500 луѓе

Полиција Мексико/ Фото Архива на Слободен печат

Според Националниот институт за статистика, бројот на убиства во Мексико од 36.579 во текот на минатата година во основа остана непроменет во споредба со 2019 година.

Иако пандемијата на коронавирусот намали многу други активности во Мексико во текот на 2020 година, бројот на убиства остана приближно до оној од 2019 година, кога беа убиени 36.661 лица.

Тоа значи дека стапката на убиства во Мексико во 2020 година остана непроменета и изнесува 29 на 100.000 жители, а за споредба, стапката на убиства во Соединетите Американски Држави во 2019 година беше 5,8 на 100.000.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека неговата администрација успеала да го запре зголемувањето на бројот на убиства, но дека сè уште не ги намалила во поголема мерка.

Експертите велат дека голем дел од насилството во Мексико е поттикнато од националните судири меѓу нарко-картелите Халиско и Синалоа, кои често дејствуваат заеднички или преку локални банди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот