Минатата година бесправно биле изградени 955 објекти

Фото: Стефан Атанасов

Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2018 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 955 бесправно изградени објекти.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 249 објекти за домување (26.1 %), 133 доградби, надградби и адаптации (13.9 %), 113 деловни објекти (11.9 %), 78 гаражи (8.2 %), 134 огради (14.0 %), 6 скалила (0.6 %), 15 тераси (1.6 %), 28 летни тераси (2.9 %), 95 настрешници (9.9 %), 13 времени објекти (1.4 %) и 91 помошен објект (9.5 %).

Најголем број бесправно изградени објекти (98.1 %) се во приватна сопственост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот