Минатата година беше пресвртница, се гледа ли крајот на Ердоган?

Незадоволството на граѓаните го предизвика, пред се, зголемувањето на цените на основните животни продукти, како овошјето и зеленчукот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на своето 16-годишно владеење непрестано ја шири својата власт, па потсетува на модерен султан. Но тоа наскоро ќе биде готово бидејќи 2019 година донесе пресвртница.

Ердогановата моќ почна да се намалува во летото 2018 година кој полека почна да пристигнува сметката за погрешните економски мерки. За да го одржи својот систем на непотизам тој единствено инвестираше во градежниот сектор. Поради тоа турската економија е помалку продуктивна и во моментот е во криза поради жестоките монетарни турбуленции. Невработеноста, особено меѓу младите е рекордно висока.

Незадоволството на граѓаните го предизвика, пред се, зголемувањето на цените на основните животни продукти, како овошјето и зеленчукот.

На локалните избори кон крајот на март во важните метрополи победи опозицијата. Особено болна е загубата на Истанбул кој важи за неприкосновен економски центар на Турција со полна градска каса. Пари кои се неопходни за да остане на власт.

„Тој што ќе го изгуби Истанбул, ќе ја изгуби цела Турција“

Затоа Ердоган не сакаше туку-така да се откаже од власта. Изврши притисок врз Изборната комисија, па принуди нови избори кои беа без успех зашто на политичката сцена се појави Екрем Имамоглу.

Поразот на Ердоган е резултат на неговата стратегија за поларизација. Најразлични опозициски партии – исламисти, националист, социјалисти и леви либерали – за прв пат се обединија против заедничкиот непријател Ердоган.

Неговата моќ опаѓа и во својата партија – АКП, бидејќи скоро еден милион членови ја напуштија партијата. Некогашните блиски соработници, како поранешниот премиер Ахмет Давутоглу, поранешниот министер за финансии, Алија Бабаџан или поранешниот претседател Абдула Гул основаа своја политичка партија. Тоа Ердоган ќе го чинат гласови од конзервативниот табор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот