Минатата година БДП со стапка од минус 4,5 отсто

 Бруто домашниот производ за четвртото тримесечје од 2020 година изнесува минус 0,7 отсто, а за целата 2020 година минус 4,5 отсто, објави Државниот завод за статистика. 

Според објавените податоци, раст лани е забележан кај групата земјоделство, шумарство и рибарство за 1,7 отсто, раст од 2,8 отсто имало кај секторот информации и комуникации, еден отсто кај дејности поврзани со недвижен имот и 0,4 отсто раст кај дејностите уметност, забава и рекреација други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат
разновидна стока и вршат различни услуги. Во другите дејности е забележан пад кој е најголем кај преработувачката индустрија од 10,6 отсто.

Во четвртото тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите дејности во врска со недвижен имот од 2 отсто и финансиски дејности и дејности на осигурување од 1 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2020 година номинално опаѓа за 1,6 отсто, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62,4  отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 4,5 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5,7 отсто.

Бруто домашниот производ во првиот квартал лани имаше стапка на раст од 0,9 отсто, потоа во вториот минус 14,9 отсто и во третиот од минус 3,3, отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот