Минаа 25 години од најтрагичниот терористички акт во историјата на САД (ВИДЕО)

На овој ден пред 25 години ветеранот од Заливската војна, Тимоти Меквеј, пред федералната зграда Алфред Пол Мура паркирал камион натоварен со 2.300 килограми експлозив, го напуштил местото и ја активирал бомбата далечински.

САД денеска ја одбележуваат 25-годишнината од терористичкиот напад во Оклахома Сити, кога во експлозија на камион-бомба паркиран пред федерална зграда загинаа 168 луѓе, меѓу кои и 19 деца.

Терористичкиот напад беше извршен на почетокот на работниот ден од бомбаш со антивладини десничарско-екстремистички погледи.

ROBERTO SCHMIDT / AFP / Profimedia

Во зградата во која имало и детска градинка, се наоѓале вкупно 700 лица. Стотици биле потешко и полесно повредени. Моќниот удар разурна и оштети неколку околни згради и уништи и 86 паркирани автомобили.

Терористичкиот напад беше извршен на почетокот на работниот ден од бомбаш со антивладини десничарско-екстремистички погледи.

Полициски автомобил во Оклахома на кој е испишана пораката „Никогаш нема да заборавиме“  / 26 април 1995 / Фото: TIMOTHY A. CLARY / AFP / Profimedia

Во зградата во која имало и детска градинка, се наоѓале вкупно 700 лица. Стотици биле потешко и полесно повредени. Моќниот удар разурна и оштети неколку околни згради и уништи и 86 паркирани автомобили.

Меморијален дом на сите жртви од нападот / Ralph Lauer / Zuma Press / Profimedia

Нападот во Оклахома Сити е најтрагичниот терористички акт во историјата на САД извршен од домашен терорист.

На овој ден пред 25 години ветеранот од Заливската војна, Тимоти Меквеј, пред федералната зграда Алфред Пол Мура паркирал камион натоварен со 2.300 килограми експлозив, го напуштил местото и ја активирал бомбата далечински. Истата ден е застанат од полицијата поради управување на возило без таблички и упсен за незаконско носење оружје.

Меквеј подоцна беше идентификуван како бомбашот од Оклахома Сити, осуден на смрт, и во јуни 2001 година егзекутиран во затвор во Индијана.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот