Милвоки во финалето на Истокот (ВИДЕО)

EPA-EFE/TANNEN MAURY

Милвоки бакс се пласира во финалето на Источната конференција откако со триумфот од 116:91 го елиминира Бостон селтикс со 4:1 во победи.
Прво име во победата на Милвоки беше Јанис Адетокумпо со 20 поени, додека Крис Мидлтон постигна поен помалку. Кајри Ирвинг го предводеше Кајри Ирвинг со 15 поени.
Ова е прво конференциско финале за Милвоки по 2001 година кога беа елиминирани со 3:4 од Филаделфија сиксерс.


Во Западната конференција, Голден Стејт поведе со 3:2 во победи против Хјустон, но најверојатно го загуби Кевин Дурант.
Голден стејт победи со 104:99, а откако се повреди Дурант, лидерската улога кај „воините“ ја презеде Стеф Кари со 25 поени кои ги постигна во второто полувреме. Освен Кари, одличен беше и Клеј Томпсон со 27 поени. Вообичаено во редовите на Хјустон, Џејмс Харден беше најпрецизен со 31 постигнат поен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот