Милвоки прави шампионски тим, потпиша Богдановиќ

twitter/TSD NBA

Како што пренесуваат американските меидуми, Богдан Богдановиќ е нов кошаркар на Милвоки бакс.

Богдановиќ својата НБА кариера ќе ја продолжи во Милвоки бакс, откако е договорено „потпис и трејд“ помеѓу двете екипи. Милвоки во замена за бекот на српската репрезентација во Сакраменто ќе ги испрати Донте Дивиченци, Ерсан Олјасова и Ди Џеј Вилсон. Заедно со Богдановиќ во Милвоки ќе замине и Џастин Џејмс.

Ова е втора размена која ја прави Милвоки во последните 24 часа, откако претходно од Њу Орлеанс пеликанс го донесоа векот Џру Холидеј. Во замена за одличниот бек, Бакси се откажаа од Ерик Бледсон, Џорџ Хил и дури три избори од НБА драфтовите.


Холидеј во минатата сезона во дресот на Њу Орлеанс имаше просек од 19.1 поен и 6.7 асистенции по натпревар, а во наредната сезона ќе инкасира 25.4 милиони долари.

Со ангажирањето на Холидеј и одличниот шутер за три поени, Богдан Богдановиќ, управата на Милвоки бакс го одржа ветениот збор даден на својот најдобар играч, Јанис Адетокумпо дека пред стартот на новата сезона ќе донесе играчи со кои тимот ќе стане главен фаворит за титулата.
Минатата сезона Милвоки имаше најдобар скор во регуларниот дел од сезоната, но беа елиминирани од Мајами хит во полуфиналето на Источната конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот