Милвоки и Јанис направија пресврт во плеј-оф серијата со Орландо (ВИДЕО)
Милвоки бакс поведе со 2:1 во победи во првата рунда од плеј-офот против магичните.
Најдобриот тим во Источната конференција брзо се созеде од поразот во првиот натпревар и ја врати предноста во серијата против Орландо меџик. Милвоки во третиот натпревар славеше до 121:107, а победата не беше доведена во прашање во ниту еден момент.
Милвоки по првата четвртина имаше предност од осум поени, а втората ја решија во своја корист со 39:20 и на одмор заминаа со дури 27 поени разлика со што беа решени сите дилеми околу победникот.
Освен одличната игра на Милвоки, првото полувреме го одбележа и тепачката помеѓу Марвин Вилијамс и Џејмс Енис кои веднаш беа исклучени.
James Ennis and Marvin Williams got into it ? pic.twitter.com/mHdXwjzDky
— Bleacher Report (@BleacherReport) August 22, 2020
Очекувано, најдобар играч во победничкиот тим беше Јанис Адетокумпо со 35 поени и 11 скокови, а солидна партија прикажаа и Крис Мидлтон со 17 поени и Брук Лопез кој постигна 16 поени. Во редовите на Орландо, Ди Џеј Огустин даде 24 поени, а Никола Вучевиќ и Теренс Рос уфрлија по 20 поени.