Милошоски: Застарувањата на судските предмети не е случајност

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

Според пратеникот Антонио Милошоски застарувањата на случаите „Траекторија“ и „Насилство во Центар“ не се случајни, туку се работи за таен договор помеѓу влијателни луѓе во позадина, вклучувајќи го и премиерот Заев.

– Мислам дека постои позадински таен договор меѓу одредени влијателни актери во државата вклучувајќи го тука и самиот прв човек на владата, но и оние коишто претходно биле влијателни на таа позиција. Мислам дека постои премолчен договор да не се стигне до целосната вистина за одредени случаи. Како поинаку да го разбереме сведочењето на Верушевски, кој беше и се уште е прв соработник на Заев и ги имаше на располагање преслушуваните материјали, кога на едно од последните рочишта кажа дека голем дел од тие материјали биле компромитирани, рече вечерва Милошоски кој гостуваше на „Само Вистина“.

Милошоски ова го објасни користејќи го бившиот премиер Никола Груевски како пример.

– Една година јавноста е во исчекување да види каде е извештајот од МВР и ЈО за тоа како се случи поранешниот премиер да ја напушти земјата. Сметам дека треба да има одговорност, но не гледам дека има, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот