Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да биде учесник во оваа соло игра на д-р Караџовски, Филипче и неспособната влада на Заев

Антонијо Милошоски / Фото: „Слободен печат“

Единствено за успех на Филипче, вели Милошоски, може да се смета фактот што е ефикасен со тендерите во време на вонредната состојба, паралелно со плацевите на планината Водно.

Министерот Венко деновиве не е многу заинтересиран како што беше пред изборите, секојдневно да излегува на прес конференции и да раскажува колку добро се справувале со Ковид кризата. Не го прави тоа првенствено затоа што не е добра состојбата и секој ден е се полошо за народот, за медицинскиот персонал и за државата. Одговорноста е негова, напиша на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, откако министерот за здравство, Венко Филипче ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

-Ќе потсетам тоа е човекот кој ни велеше дека оваа ковид криза ќе заврши со околу 2000 заразени, а ние имаме толку само оваа измината недела. Меѓудругото тој е одговорен затоа што 800 наши сограѓани, за жал, повеќе не се меѓу најблиските. Филипче и Др Караџовски не превземаа ништо кога дискотеки во Струмица и Скопје кои важат за блиски до власта, организираа масовни и здравствено ризични концерти- напиша Милошоски.

Министерот Венко деновиве не е многу заинтересиран како што беше пред изборите, секојдневно да излегува на прес…

Publiée par Antonio Milososki sur Mercredi 21 octobre 2020

Единствено за успех на Филипче, вели Милошоски, може да се смета фактот што е ефикасен со тендерите во време на вонредната состојба, паралелно со плацевите на планината Водно.

-Можам да порачам две работи: првата е да се разреши комисијата за заразни болести, во која што веројатно поради материјален интерес има и педијатри и да се формира специјална државна комисија од стручни експерти кои ќе ја водат борбата против ковидот. Второ, законот на Филипче во кој не се предлага ниту една мерка повикувам веднаш да се предложи и да се стави на гласање. Поради селотејп коалицијата на СДСМ во собранието ветуваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на седницата и ќе им обезбеди кворум, за да не бараат кривци во време кога треба да бараат решенија. Овој закон нема важност за граѓаните и за борбата против ковидот, и затоа што ВМРО-ДПМНЕ нема да биде учесник во оваа соло игра на Др Караџовски, Филипче и неспособната влада на Заев, апелирам да не се злоупотребува катастрофата со заразата која што секојдневно се зголемува- вели Милошоски.

Филипче: Од почетокот на ковид-кризата од опозицијата не видовме ништо освен опструкции и критики

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот