Милошоски: Тимот за надворешна политика ви е многу слаб и компромитиран

Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ/ Фото: Скриншот

Господинот Ковачевски започна со тезата дека беспредметно е дали владата има легитимитет. Граѓаните се уморни од неспособноста на владата на СДСМ и ДУИ. Вие немате изборен легитимитет Но вие не сте го добиле легитимитетот од граѓаните, рече Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните ги доведовте од живот за сите до криза за сите, од едно општество за сите, од надоброто за мојата општина дојдовме до копање на биткоини од Елвис и Габриел. Генерално пензионерите, студентите, граѓаните се осиромашени повеќе од пред пет години. Самата влада е генератор на нови проблеми и кризи. Во прогармата се гледа континуитет со интересите на Заев и бизнис интересите на неговата фамилија. Приоритет ви е бизнисот со марихуаната. Ваквата легализација не ви е потребна, а против тоа се и земјите од регионот и земји од ЕУ. Ако се легализира тоа ќе биде проблем за целиот регион. Не ставајте приоритети кои Македонија ќе ја направи Колумбија – рече Милошоски.

Тој додаде дека колегите го прозвале Ковачевски за надворешната политика, колку знае или не знае.

-Јас тоа нема да го сторам. Не е само Заев кој добивал датуми кои се’ уште ги немаме добиено. На славната заедничка фотографија се и Димитров, Османи, Анѓушев. Сега Димитров веќе не е другар со Османи, скарани се. Сметам дека тимот за надворешна политика ви е многу слаб и компромитиран. Досегашната влада ќе остане единствена дека четири години нема амбасадор во Вашингтон. Имавте еден обид потпишан од Заев и Османи, Фрчкоски да биде амбасадор, добро е што не помина бидејќи сме добиле вербална нота дека тој не е подобен за амбасадор. Истата влада го предлага истиот кандидат за амбасадор за ОН, ако ве дисквалификуваат од ФИФА, не може да ве прифатат во УЕФА – рече Милошоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот