Милошоски: Советникот на Заев зема плата во Србија за да избегне плаќање на данок

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната седница за пратенички прашања го актуелизираше ангажирањето на Љупчо Зафировски за советник на премиерот Зоран Заев.

– Заев излажа кога рече дека советникот живее во Париз, бидејќи тој има постојано живеалиште во Скопје. Советникот платата од влада ја зема во Србија со што и тој и премиерот прават кривично дело за да избегнат плаќање данок – рече Милошоски.

Премиерот одговори дека платата се префрла на сметка што ја дал неговиот советник кога го потпишал договорот за ангажман и тој нема намера да биде истражен орган и да провери зошто некој има сметка во странство, а дека платата на советникот се исплаќа согласно закон и дека се плаќаат придонеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот