Милошоски: Правите поткуп на јавното мислење

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

Пратеникот Антонио Милошоски рече дека советниците на Заев се пратени фалбаџии кои со народни пари го фалат премиерот.

– Со државни пари правите поткуп на јавното мисење. Вашите советници или нивните родители секој ден на некоја национална телевизија ве фалат и велат дека треба да добиете Нобелова награда – рече Милошоски.

Во оваа група на советници Милошоски ги спомна таткото на Александар Ружин, Нано Ружин, како и Мерсел Биљали и Исмед Рамадани кои како советници месечно земаат месечен хонорар од 40.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот