Милошоски: Оставката на Заев е потврда дека политиките на владата се неуспешни

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

„Најчесто во партиите кога има избори, освен првиот човек, што се случувало и претходно, по однос на партиската хиерархија, одговорност понесува и шефот на Изборниот штаб по правило и тоа би требало да биде ако има некоја аналогија на нештата да биде шефот на изборниот штаб на СДСМ Љупчо Николовски“, вели Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина” на Канал 5.

Милошоски истакна дека прашање е дали со оставката Заев сака да прикрие нечија одговорност со цел во иднина оние лица кои ќе ги прикрие да му бидат „добри чувари во рамки на партијата“, имајќи предвид дека тој и во минатото најавувал оставка од позицијата, но не го одржал зборот.

„Но, прашање е дали Заев со неговата оставка сака да покрие и нечија друга одговорност за во иднина да може тие кои што ќе ги покрие во иднина да му бидат добри чувари на грбот во рамките на партијата“, рече тој.

Милошоски потенцираше дека со самиот чин на оставка, Заев признал дека политиките кои што ги водеше владата изминатиот период се неуспешни, додавајќи дека се согласува со изјавата на претседателот на ЛДП и коалициски партнер на СДСМ, Горан Милевски дека одговорност треба да понесат сите министри.

„Заев сепак со овој чин што го направи, тој самиот го призна она што беше јасно, дека политиките на владата се неуспешни и констатацијата на претседателот на ЛДП Горан Милевски дека треба да има нова влада со нови министри, дека сите треба да ја понесат одговорноста, сметам дека е правилно. Но, не сум сигурен дека сите коалициони партнери тоа ќе го испочитуваат, или дека одговорноста ќе ја сподели секој министер кој што водел одреден ресор“, рече Милошоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот