Милошоски обвинува: СДСМ лаже за Законот за заштита од заразни болести

Антонијо Милошоски / Фото: „Слободен печат“

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Фејсбук ги обвини СДСМ дека лажат дека Законот за заштита од заразни болести предлага мерки за борба против ковид-19 пандемијата.

„Еве потврда дека СДСМ лаже дека во Законот за заштита од заразни болести предлага мерки за борба против Ковид19 пандемијата. Прочитајте сами:

Нема ниту една мерка за хроничните болни. Ниту една мерка за зајакнување на државните здравствени институти за тестирање на населението. Нема мерка за поддршка на медицинскиот персонал и ургентна дополнителна обука и едукација. Нема мерка за поефтино тестирање на пензионерите како поризична категорија. Нема мерка за широк опфат на тестирање на општините со поголем број на заразени.“, напиша Милошоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот