Милошоски најавува нова „бомба“ за Заев

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на својот Фејсбук профил објави дека денеска во 11 часот ќе објави нова „бомба“ поврзана со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој во објавата вели дека денес медиумите ќе бидат запознаени со материјал од висок јавен интерес, доставен од анонимен укажувач. Материјалот е сериозна индиција за злоупотреба на службената положба на поранешниот премиер, преку експлицитно признание за директно мешање на извршната во одлуките на судската власт, на највисоко ниво.

Милошоски додава дека не му било дозволено во Собранието да има прес-конференција, па истата ќе ја одржи во прес-центарот на партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот