Милошоски најави средба со Русковска на која ќе и достави аудио материјал поврзан со „Рекет”

Антонијо Милошоски / Фото: „Слободен печат“

Се надевам, додава Милошоски, дека овој материјал ќе му биде од корист на обвинителството во покренатото обвинение за овој предмет.

Утре во 9 часот на моја иницијатива, во Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, ќе остварам средба со Вилма Русковска. Целта на закажаната средба е на обвинителката да и го предадам аудио материјалот доставен од укажувач, а на кој се препознава гласот на поранешниот премиер Зоран Заев, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на неговиот фејсбук профил.

Тој додава дека во прилог на овој материјал ќе го достави и транскриптот од чија содржина, како што пишува, „произлегува сомнеж за тоа дека господинот Зоран Заев бил во тек со нелегалното финансирање на ‘Меѓународниот сојуз’ на Бојан Јовановски преку рекетирање на стопанственици, како и дека тој лично од позицијата премиер го помагал финансирањето на телевизијата 1ТВ“.

Се надевам, додава Милошоски, дека овој материјал ќе му биде од корист на обвинителството во покренатото обвинение за овој предмет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот