Милошоски: Кацарска нема друго искуство, освен во Основниот суд

Собранието и утре ќе расправа за предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за судија на Уставниот суд. Денешната расправа беше прекината нешто пред 18 часот, а претседателот на Собранието го најави продолжението за утре во 12 часот.

Во текот на попладневната расправа, опозицијата побара предлогот Кацарска да биде избрана за уставен судија да биде повлечен. Според опозицијата, таа не е стручна за оваа функција која, како што рекоа, ја добива како награда за послушноста кон власта. Не може, посочи опозицијата, судија кој суди спротивно на Уставот, да го брани Уставот.

– Кацарска нема друго искуство, освен во Основниот суд. Има колеги кои имаат богато искуство. Државата има квалитетни ресурси за вакви високи позиции, истакна Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница.

Неговиот колега Александар Николоски не е изненаден од ваквиот предлог на Судскиот совет бидејќи, како што рече, уште пред неколку години се знаело дека еден ден предлогот Кацарска да биде избрана за уставен судија, ќе стигне во Собранието.

Во текот на денешната расправа пратениците од партиите на власт, го бранеа ваквиот предлог забележувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ најмалку има право да говори за независно судство затоа што во време на нивното владеење, судството било донесено до најниското можно ниво.

Кацарска треба да дојде на местото на судијата Владимир Стојановски, чиј мандат е истечен. Таа беше предложена за оваа позиција од страна на Судскиот совет на крајот на септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот