Милошоски го кани Димитров во Собрание и му најавува интерпелација

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој ја води и собраниската Комисијата за надворешна политика го поканил министерот за надворешни работи Никола Димитров да се обрати пред Комисијата. Тој настан Милошоски предлага да се случи во периодот од  21 до 25 октомрви.
„Согласно член 6 од Законот за надворешни работи министерот за надворешни работи има обврска да се обрати пред Комисијата за надворешна политика во Собранието најмалку два пати во годината. После бриселскиот неуспех за добивање на датумот, кој Димитров и Заев го прославија уште лани, македонските граѓани и нивните претставници во Собранието имаат право да ги чујат објаснувањата на министерот, а тој има обврска да го испочитува Законот. За ова обраќање на Димитров во Собранието очекувам голем интерес и кај пратениците и кај јавноста. А после тоа веројатно и уште една интерпелација за МНР Димитров“, пишува Милошоски на социјалните мрежи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот