Милошоски: Финска демантира дека Македонија прави образовни реформи како тамошните

Пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на својот Фејсбук профил сподели реакција на македонско-финското здружение за реформи во образованието, во кое стои дека реформите во македонското образование не се по терк на оние во Финска. 

„Владата е извор на лажни вести, бидејќи директно од Финска ја демантираат дека министерството за образование во Македонија прави образовни реформи како во Финска. Срамота вредна за оставка“, пишува Милошоски.

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот