Милошoски: Екс советничката на Заев со вулгарни пцовки до Макрон

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој е поранешен министер за надворешни работи, тврди дека премиерот Зоран Заев во последните неколку месеци неуспешно се обидувал да договори состанок со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Заев има еден советник кој лажно се претставува како “човек со врски во кабинетот на Макрон”. Претходно Заев имал друг советник, Ивана Јордановска, која денес објавува вулгарни пораки до претседателот на Франција. Затоа нека не ве чуди зошто премиерот Заев и покрај сите ургенции во последните неколку месеци не беше удостоен барем со покана за работна посета на Франција и кратка средба со Макрон. Во најмала рака министерството за надворешни работи уште денес би требало да се огради од ваквите навреди и говор на омраза и да упати нота на извинување до Париз“, напиша Милошоски на фејсбук.

Инаку, Макрон вчера порача дека Македонија и Албанија треба уште малку да почекаат за преговори со ЕУ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот