-1 C
Скопје

Милошоски дојде, но рочиштето за „Моќник“ се одложи

Првото рочиште по предметот „Моќник“ се одложи за 23 декември поради неприсуство на повеќе од обвинетите, дел поради неуредно добиено известување, а дел поради КОВИД-19.

Обвинетиот Томе Аџиев, со уредна документација го известиле судот дека е позитивен на КОВИД-19, додека обвинетиот Миосим Војнески дека има наредба за самоизолација поради контакт со заболен. Тројца од обвинетите не присуствуваа поради неуредна покана.

Во судница беше присутен обвинетиот Антонио Милошоски, кој заедно со уште 12 лица се обвинети за продажбата на објект во село Ижишта-Општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Фатиме Фетаи.

Според обвинителството прво и второобвинетиот се товарат дека сториле – измама, третообвинетиот  дека сторил – измама и – злоупотреба на службената положба и овластување. Со обвинителниот акт опфатените 10 лица се товарат дека сториле злоупотреба на службената положба и овластување.

Прочитајте и...  Саниран дефектот на водоводната цевка пред МНР

– Во текот на 2011 година прво и второ обвинетиот,  заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом”, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница, соопштија од обвинителство.

Со продажбата на овој објект како што посочуваат од обвинителство обвинетите нанеле штета на Република Северна Македонија во значителна вредност од 1.795.800,00 денари и за продажбата на земјиштето нанеле штета на општината Македонски Брод во значителна вредност од 1.176.000,00 денари.

Прочитајте и...  Исланд го издаде првиот „пасош" за вакцинација против коронавирус

Во описот на дејствијата што ги презел третообвинетиот, од обвинителство велат дека тој со особен придонес кон делото директно искористувајќи ја својата позиција на пратеник вршел континуиран притисок во органите на државната управа, Државното правобранителство и судовите за да не се поништи купопродажбата, со што овозможил да се реализира последицата од делото.

Советот за оценка на обвинителениот акт на 8 октомври годинаваа донесе решение со кое приговорите на обвинетите се одбиваат како неосновани и дека обвинителниот акт против 13 лица се одобрува во целост. 

Поврзани вести

ВИДЕО: И покрај строгите епидемиолошки мерки со црковни ѕвона и пред илјадници луѓе, Вучиќ го откри споменикот на Стефан Немања во Белград

Слободен печат

Трајанов: Попишувачите да бидат вакцинирани

Слободен печат

Заев најави изборен српски јазик во училиштата, Ковачев посакува бугарски со иронична честитка

Слободен печат

Недолични фотографии повторно кружат на интернет: „Јавна соба“ стана јавен срам

Како успеа Израел да обезбеди повеќе вакцини отколку што е потребно?

И.И.

Со години боледуваше од Кронова болест, почина пејачот Игор Пармаковски

Слободен печат

Остави Коментар