Милошоски: Додека се чека новата методологија за проширување, да се продолжи со реформите

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски по средбата со потпретседателката на францускиот Сенат Елен Конве-Муре изјави дека се уште се работи на нова метологија за проширување на ЕУ и оти Македонија треба да продолжи да работи на реформите.

На средбата се разговарало за македонско – француските односи, за Европската унија и за француските перспективи на гледање кон целиот регион и на земјава како кандидат за членство.

– На таков концепт, нов, на проширувањето се уште се работи и се надеваме дека во хрватското претседателство земјите-членки на ЕУ ќе имаат одредена реална понуда за концептот на проширување. Тоа што беше истакнато е дека Македонија треба да продолжи да работи на реформите кои се значајни, а во овој контекст на условно речено предизборни активности да има и добри демократски избори и врз основа на сите стандарди на ОБСЕ и ЕУ, што би било уште еден поен плус во самиот имиџ на државата и да биде чекор поблиску до ЕУ – рече Милошоски.

И во самата Франција, но и во Европската унија, потенцираше пратеникот, се уште нема дефиниран концепт за тоа како треба да изгледа проширувањето во иднина.

– Одредени земји се понаклонети, други земји-членки сметаат дека приоритет се реформите на самата ЕУ, додека пак земјите од регионот се нестрпливи да видат која ќе биде реалната понуда од страна на Брисел кон целиот регион и кон Македонија – вели Милошоски.

Сенаторката на средбата со него ги споменала владеењето на правото и борбата против корупцијата, како теми на кои Македонија треба да посвети поголемо внимание.

– Сметам дека тоа треба да се земе како една умерена од нејзина страна препорака, но со голема одгворност и да се посвети поголемо внимание на овие две теми за подобрување на самото функционирање на државата и подобрување на имиџот на државата надвор од нашите граници – рече Милошоски.

Македонија, според него, уште од 2009 година заслужила да ги отпочне птреговорите за членство, но знаевме до 2017 година дека беше блокирана заради, како рече, националистички каприц кој доаѓаше од Грција.

– Сега кога тоа прашање не е повеќе тема очигледно е дека евроинтеграциите се под знак прашалник заради немањето на заеднички изграден став во самата ЕУ, како треба да изгледа Унијата од внатре и како треба да изгледа проширувањето на тој процес – рече претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот