Милошоски до Османи: Албанците си одат од државата, но не поради тријазичните табли

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во вчерашната дебатна емисија на ТВ Алсат му порача на вицепремиерот Бујар Османи дека Албанците си заминуваат од Македонија заради владините неуспешни политики.

– Имам еден список од дваесет луѓе, Албанци, образовани, стручни, кои биле вработени како лекари, колеги на министерот Бујар Османи, кои работеле во болниците во Струга, Гостивар, Тетово или Скопје, но сега заминале за Германија или Швајцарија. И не затоа што во градовите имало или немало тројазична табла, туку затоа што тие процениле дека за нив нема правна сигурност и перспектива. Имаме влада која ветуваше живот во Скопје, живот во Желино, живот во Арачиново, живот во Кичево, живот во Боговиње, а сега гледаме дека во тие места луѓе со куфери, со фамилии и деца, образовани или помалку образовани, секоја недела заминуваат во странство и не се враќаат.

Во изминативе три години од Македонија се иселени повеќе Албанци отколку во претходните 15 години, не само заради неуспешните политики, туку и заради големото разочарување – рече Милошоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот