Милошоски: Дескоска и Заев се правно неписмени

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

Една недела министерството за правда тврди дека мора да има автентично толкување, една недела портпаролот на партијата на аболицираниот Заев држи прес конференции и повикува дека опозицијата мора да гласа за автентично толкување. За на крајот самата Комисија да заклучи дека нема потреба од автентично толкување на член кој што не постои, рече на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

-Зошто е ваквиот исход на СДСМ и нивните коалициони партнери затоа што во последен момент станаа свесни дека опозицијата нема да се однесува на начин што ќе им овозможи тие да прават некакви изговори. И второ затоа што сфатија дека доколку Комисијата и Собранието донесат автентично мислење и толкување дека членот 11од законот за помилување не постои тој автоматски ќе мора да стане составен дел односно да се избрише од законот за помилување од 93-та година наваму. И тоа значи дека единствениот политичар корисник на членот 11 за помилување премиерот Заев ќе немаше помилување и случајот „Глобал“ кога беше помилуван 2008 година ќе мораше повторно да се отвори- потенцираше Милошоски.

СДСМ влезе во една стапица, вели Милошоски, повикувајќи ја цела јавност дека мора да се донесе автентично толкување на членот 11, за да на крајот видат дека и министерката Дескоска и премиерот во заминување Заев се правно неписмени и да ги примораат нивните пратеници да не донесат заклучок и да не се изјаснат за членот 11 кој што не постои, а ја замараат јавноста една недела со овој измислен член.

Милошоски напомена, дека Владата и парламентарното мнозинство очигледно немаат добра координација.

-И со оваа влада не само граѓаните, туку целиот политички систем живее во една правна несигурност. Која што за жал е промовирана од министерството за правда- рече пратеникот Милошоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот