Милошоски денеска на Рускоска ќе ѝ ги предаде „бомбите“ за Заев

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

Како што вчера најави на Фејсбук, пратеникот Антонио Милошоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ќе оствари средба со обвинителката Влима Рускоска, за да предаде аудио-материјали на кој се препознава гласот на поранешниот премиер Зоран Заев.

Милошоски вчера посочи дека во прилог на овој материјал ќе го достави и транскриптот од чија содржина, како што пишува, „произлегува сомнеж за тоа дека господинот Зоран Заев бил во тек со нелегалното финансирање на ‘Меѓународниот сојуз’ на Бојан Јовановски преку рекетирање на стопанственици, како и дека тој лично од позицијата премиер го помагал финансирањето на телевизијата 1ТВ“.

Милошоски најави средба со Русковска на која ќе и достави аудио материјал поврзан со „Рекет”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот