Милошоски: Дел од Обвинителството е под силно влијание на Владата

Како одбрана спремни сме да ги користиме силата на аргументите и сите други потребни докази за да ја увериме и јавноста, дека се работи за правно неоснован и политички мотивиран предмет, изјави Антонио Милошоски, по денешното рочиште за случајот „Моќник”.

Во врска случајот, во кој е трето обвинет, Милошоски рече дека ги известил мисијата на ОБСЕ и мисијата на ЕУ да го следат целиот случај од почеток до крај, за како што посочи, и тие да се уверат дека се работи за правно неоснован, но за за жал политички мотивиран случај.

– Самото обвинение е компромитирано од две причини. Првото обвинението го има почнато Катица Јанева, поранешна специјална обивнителка. Зборувам за обвинението точно за и со рекетирање, а го продолжува нејзината другарка Фетаи за која Државниот завод за ревизија утврди дека истата незаконски земала 87  илјади евра хонорари токму од Катица Јанева и СЈО, изјави Милошоски.

Обвинителниот акт, посочи тој, е паушален арбитререн, политички мотивирна и без издржани докази.

– Не би го коментирал судот, само би го коментирал Обвинителството и обвинителниот акт.  Дел од Обвинителството е под силно влијание на Владата, а самиот обвинителен акт е арбитререн право неиздржан и политички  мотивиран, изјави Милошоски. 

Милошоски дојде, но рочиштето за „Моќник“ се одложи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот