Милошоски: Да не измислуваме хибридни решенија, најдобро е да има едно обвинителство

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на денешната прескоференција во Собранието рече дека од СДСМ добиле нов предлог закон за ЈО и дека очекува преговорите да продолжат четврток или петок.

–  Пред неколку денови примивме предлог од страна на владиниот тим по однос на законот за обвинителство, по кој знае кој пат забележавме дека СДСМ го менува претходниот предлог кој што го дадоа пред еден месец и по кој знае кој пат забележавме дека го менуваат  и оној предлог кој што премиерот Заев го даде како мандатар кога предлагаше дека опозицијата ќе го номинира главниот државен обвинител. Како и да е одговоривме да писмен начин  на предлогот на владиниот тим за преговори и го доставивме денес. Очекуваме во следните ден-два владиниот тим да има можност да го разгледа, а до крајот на работнава недела можеби четврток или петок да имаме и повторна средба доколку одговара за владината страна за преговори – рече Милошоски.

Тој објасни дека според ВМРО-ДПМНЕ веќе е доволно од изнаоѓање на нови хибридни решенија како што беше она што го предложи господинот Заев да се подели обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на два дела со што едното обвинителство би било за висока корупција.

-Ние сметаме дека досегашниот стандарден модел треба да се задржи да остане обвинителството за гонење на криминал и висока корупција како единствено, неподелено обвинителство, да нема нови хибридни решенија, а самото превземање од страна на ова обвинителство на надлежностите на досегашното специјално јавно обвинителство доколку се донесе закон за истото да вклучат и методологија за избор на новиот обвинител за организиран криминал при што опозицијата, Собранието и Комисијата за избори и именување ќе имаат битна улога. Во однос на самиот избор предлагаме методологија која што ќе даде сигурност дека нема власта да го има последниот збор и да избере владино подобен обвинител од типот на госпоѓата Русковска, туку опозицијата предлага од оние кои што ќе конкурираат за тоа обвинителство една личност, доколку тој предлог не помине се повторува постапката уште еднаш, доколку теоретски и тој предлог не помине тогаш опозицијата и владејачкото мнозинство имаат можност заеднички да предложат личност до Советот на јавни обвинители, доколку и тоа не се случи тогаш опозицијата го задржува правото да предложи тројца кандидати до Советот за јавни обвинители кој што ќе одлучи согласно високите стандарди во законот кој од нив би бил избран за обвинител за организиран криминал и корупција – објасни Милошоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот