Милошевски: Не постојат реални услови за регуларно завршување на ракометното првенство!

фото: рк металург

– Искуството од Европа вели дека многу ракометни федерации ги завршија своите првенства – вели генералниот секретар на РФМ.

Во дебатата „Спортот во услови на Ковид-19“ со генералните секретари на најголемите федерации во државата се споделуваат своите размислувања за предизвиците кои се соочуват федерациите и спортските клубови.

Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски во дебатата го сподели размислувањето околу тоа дали може сезоната во домашното првенство да биде завршено, еве го неговиот одговор:

Со оглед на фактот дека имаме вонредна состојба која што ќе трае во нашата држава до 15 мај дополнително фактот кој што вели дека поголемиот број на договори на ракометарите и ракометарите се со валидност исто до крајот на мај.

А дополнително и насоките од Европската ракометна федерација кои што ги имаме да се заврши националниот систем на натпревари до крајот на мај, се наметна заклучокот дека не постојат реални услови за регуларно завршување на самото првенство.

Лоши вести од ЕХФ: Вардар елиминиран од ЛШ, Македонија нема да игра на СП!

Ние како федерација во разговорите со сите клубови, членки, ќе биде доставен предлог до Управниот одбор на РФМ да не се прогласи победник по националниот систем на натпревари со тоа што дополнително и да се смени самиот систем на натпреварување од септември во кој што ќе ги опфати сите категории што се однесува во машка конкуренција.

Се надевам дека наскоро ќе имаме Управен одбор каде што ќе се доконкретизира истото. Искуството од Европа вели дека многу ракометни федерации ги завршија своите првенства на сметка на тоа што насоките од ЕХФ велат истите тие да бидат да бидат завршени до крајот на мај – се зборовите на Милошевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот