„Милошевиќ и јас“, филмот што Жерард Депардје го снима во Албанија (ФОТО)

Фото: АТА

Познатиот француски актер Жерард Депардје го доби “Клучот“ на албанскиот град Ѓирокастра. Ова признание беше доделено од градоначаникот на општина Ѓирокастра, Фламур Големи.

Депардје претстојува во вој град во рамките на снимањето на филмот “Милошевиќ и јас“, во режија на приштинскиот режисер, Арбен Кастрати, пренесува албанската новинска агенција АТА.

Според градоначалникот на општината престојот на Депардје во овој град има големо значење за Ѓирокастра. Инаку филмот „Милошевиќ и јас“ е комедија, а со присуството на Депардје во Албанија се пофали и заменик-министерката за Внатрешни работи на ова држава, Ромина Куко. Филмот освен во Ѓирокастра ќе биде снимен и во Тирана. Во општинската книга на Ѓирокастра, францскиот акетр со светска слава Депардје ја остави и оваа порака –

„Благодарност до Ѓирокастра и до градоначалникот Фламури, како и до жените од Ѓирокастра!“ Се гледаме повторно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот