Милош Биковиќ е најплатен актер во Русија: Објавено е колку заработува за само едно снимање!

Фото: Инстаграм

Актерот Милош Биковиќ, покрај во Србија, огромна популарност ужива и во Русија, а според пишувањето на руските медиуми, Биковиќ за само еден ден заработува вртоглава сума на пари.

Милош е прв на листата на најплатени актери во Русија, со тоа што ги престигна милениците на жените Александар Петров и Данило Козловски, пренесуваат руските медиуми.

Нивните хонорари минатата година забележаа пад, а по филмот „Слуга“, Биковиќ влезе во историјата на руската кинематографија.

За еден ден снимање на сетот за филмот „Слуга“ Биковиќ заработуваше по 420.000 рубли, односно околу 5.200 евра, пренесува рускиот портал 5-ТВ.ру.

Снимањето на оваа комедија траеше 39 дена, што значи дека Биковиќ само за ова остварување заработил повеќе од 200.000 евра.

Комедијата „Слуга“ од прикажувањата во кино салите досега заработи дури 50 милиони евра, па во феверуари е донесена одлука за снимање на ново продолжение.

Меѓутоа, поради актуелната ситуација со коронавирусот планираното снимање на лето најверојатно ќе се одложи за крај на 2020 или евентуално за 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот