Милосављев: Криво ми е што не потценуваат

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев е смета дека Барселона не е толгу голем фаворит во утрешното полуфинале во Келн како што го претставуваат ракометните новинари. Иако во двете средби сезонава, Барселона победи, официјално најдобриот голман во ЛШ за оваа година, порачува дека Вардар не сме предвреме да се отпише.

– Разочаран сум што не потценуваат, толку да мислат дека немаме квалитет да и се спротивставиме на Барселона. Тие се навистина одличен тим, но и нашата екипа е добра, имаме одлични играчи на на сите позиции. Ова ни претставува дополниелна мотивација и можам да кажам дека сите што не потценија, се изгореа против нас. Многу ми е криво што не потценуваат. Ние ќе се обидиме да го дадеме максимумот на утрешната средба и ќе се обидеме да ја изненадиме фаворизираната од медиумите, Барселона.

Младиот голман кој на почетокот од сезоната дојде во Вардар, вели дека искусните ракометари не им дозволуваат да ги „фати“ еуфоријата“, помладите како него  кои за прв пат се на фајнал фор турнирот.

– Среќен сум што сум тука во Келн на фајнал фор, и немам зборови да опишам како се чуствувам. Старите и искусни соиграчи влијаат на нас помладите да останеме на земја да бидеме поприсебни и да не се препуштиме на еуфоријата – додава Милосављев, кој од следната сезона ќе брани за германскиот Фуксе Берлин.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот