Милосављев: Играчите му веруваат на Самсоненко, Вардар не смее да згасне!

Фото: РК Вардар

Српскиот голман, еден од најзаслужните за втората титула на Вардар во ЛШ, вели дека мора му се дада поддршка на клубот, а не да се чека на поединци.

Дејан Милосављев во интервјуто за „Балкан хендбол“ говореше на многу теми, а меѓу нив беше секако и Вардар.

Српскиот чувар на мрежата (моментно член на Фуксе Берлин) беше еден од најзаслужните за втората титула на „црвено-црните“ со своите феноменални одбрани во Лигата на шампионите минатата година, пренесува „Вардар фанс“.

Одличниот голман изјави дека сите му веруваат на првиот човек на македонскиот и европски шампион Сергеј Самсоненко, но дека тој не го познавал добро, бидејќи бил само една година во Скопје.

Милосављев воедно вели дека мора да му се даде поддршка на Вардар и дека не може да се чека на поединци.

– Не само што ја пратам ситуацијата, во контакт сме и зборуваме телефонски со играчите на Вардар. Од она што знам е дека сите веруваат во Сергеј Самсоненко, кој е долго време во клубот. Речиси сите му се верни, затоа што соработуваат долго. Јас бев една година таму, не го познавам толку многу добро, но другите играчи се оптимисти и сите чекаат. Мора да му се даде поддршка на Вардар, не може да се чека на поединци. Вардар не смее да згасне. Мислам дека ќе се најде начин да се среди, ако не на врвно ниво, барем клубот да биде на она на Загреб и Целје. Не смее таков клуб да исчезне – рече Милосављев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот