Милорад Додиќ отпатува за Унгарија на средба со Виктор Орбан

фото Mia.mk

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик опатува во дводневна посета на Унгарија, при што ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Додик денеска ќе се сретне и со владиката Буда Лукијан, а потоа ќе ја отвори манифестацијата „Српски денови“ во зградата Текелијанум во Будимпешта, јавува РТРС.

Српската православна епархија Буда донесе одлука за формирање на манифестацијата „Српски денови“ која ќе трае цел октомври. На вториот ден од посетата на Унгарија, претседателот на Република Српска ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот