Милко Ѓуровски: Да не бев Македонец ќе бев петтата ѕвезда на Звезда

фото: фејсбук

Поранешниот македонски фудбалер, Милко Ѓуровски пред 30 години направи еден од најневеројатните трансфери, од Црвена звезда се пресели во редовите на најголемиот ривал, Партизан. Токму овој потег на одбележа целата фудбалска кариера иако Ѓуровски остави голем белег во фудбалот во тогашната СФР Југославија.

Ѓуровски за српскиот магазин „Неделник“ открива досега непознати детали од трансферот кој ја крена на нозе цела фудбалска СФРЈ.

– Дали е можно да не ме сакаа? Можеби сакаа да ме пуштат, можеби сакаа да ме пуштат во Партизан. Зашто немаше петта ѕвезда на Црвена звезда после Владимир Петровиќ Пижон? Можеби покрај мене не можеа да ја доведат. Црвена звезда е српски клуб. Не може Македонец да биде петта ѕвезда на Црвена звезда. По Пижон имаше празнина, јас заминувам во Партизан, а во Звезда доаѓа Драган Стојковиќ Пикси – вели Ѓуровски.

Додека се реализираше трансферот, Ѓуровски дури 15 дена престојуваше во Прага.
– Дојдов да отворам сметка, а во Германија требапе да ми ги уплатат парите. Чекав да почне преодниот рок. Во Партизан се плашеа да не останам во Звезда и заминав во Прага за да бидам што подалеку од Белград. Значи во Прага без за да отворам сметка, да ми префрлат пари и потоа да дојдам во Партизан, но тоа беше времето на Шајбер. Преодниот рок се оддолжи па поради тоа заминав на ловиштето на Тито во Осиек. Но, повотрно се одложи преодниот рок по што си реков себе си: Одам во Белград.

Дојдов во Црвена звезда за да се поздравам со Џаиќ и Цветковиќ, а присутна беше и секретарката Дара Зец. Тогаш им реков: Дојдов да се поздравам, а Цветковиќ ми одговори: Ајде да се договориме, ќе ги дадеме двојно повеќе пари… но лажни пари. Кога излегував, секретарката Дара плачеше. Луѓето од Партизан не можеа да ме пронајдат, но тогаш си реков, си одам од Звезда. Тоа беше оној натпревар Звезда – Хајдук по чие завршување го фрлив дресот на северната трибина – се потсетува Ѓуровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот